Македонија
Германија донира опрема за Поликлиниката во Шуто Оризари
Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово заедно со амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, присуствуваа на примопредавање на донација од страна на Министерството за надворешни работи на Германија за Поликлиниката во општина Шуто Оризари.
„Ова е една многу значајна донација. За сума од 16 илјади евра се набавува значајна опрема која ќе служи во Поликлиниката во Шуто Оризари и се зголемува пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните, во делот на лична заштитна опрема, кислород, кислородни маски, сè тоа што значи брз пристап до еден одреден дел од системот на здравствена заштита. Во оваа поликлиника имаат пристап граѓани од многу ранливи категории“, рече Филипче.
Во Поликлиниката формиран е Центар за брзи тестови за Ковид-19 и во континуитет има дежурна екипа составен од лекар, медицинска сестра и лабораторија којашто на граѓаните од овој регион им е на располагање 24 часа во денот.
„Благодарение на Амбасадата на Кина во изминатиот период работевме и се заврши проектот за целосно реновирање на оваа поликлиника и тоа ќе започне на почетокот на следната година“, рече Филипче.
Германската амбасадорка Холштајн истакна дека оваа донација е по иницијатива на Сојузната влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

