Македонија
Германски пратеник поднесе оставка oти лобирал за Никола Груевски
Пратеникот на владејачката ЦСУ во Бундестагот, Тобијас Цех, поднесе оставка на функцијата по откривањето дека лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.
Цех во ноември 2016 се појави и на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и со микрофонот в рака порача: „Доколку ја изберете оваа партија, доколку повторно гласате за Никола Груевски, гласате за курс кон иднината на Македонија“. Истражувањето на весникот „Шпигел“ открива дека симпатиите на Цех не биле само од политичка, туку и од бизнис-природа, пренесува „Дојче веле“.
Цех имал договор за ПР-консалтинг со тогашната владејачка партија во Македонија и 50.000 евра на своето конто. Тој одбил за „Шпигел“ да одговори дали лично ги организирал средбите на Груевски во Берлин и Минхен, но функционери на ЦСУ, кои биле на средбите, потврдиле за магазинот дека иницијативата била на Цех.
Германскиот политичар вели дека во периодот додека соработувал со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, не знаел за обвинувањата за корупција и злоупотреба на власта. Дури пред пресудата за Груевски, од медиумите дознал дека постоеле такви сомнежи, но договорот веќе бил завршен.
Како што пренесе „Дојче веле“, денес 39-годишниот политичар е на чело на Управниот одбор на компанијата „Фармкан“ (PharmCann Deutschland AG) и со неа е тесно поврзан со одгледување канабис во Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

