Македонија
Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско
Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност, истакна носителот на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски, во тетовското село Сараќино.
„Денес е слобода и ние се грижиме за сите еднакво. Граѓаните се сигурни со овој концепт. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се грижат само за себе, за личните и за партиските интереси и тие се опасност. Само политичари што се грижат за сите граѓани може да ѝ донесат добро на оваа држава“, рече Спасовски.
Тој најави дека водечки концепт и во следниот мандат останува враќањето на парите кај граѓаните.
„Вложуваме во идината и сигурноста на сите категории граѓани. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80 % од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна. СДСМ и коалицијата ‘Можеме’ нудат луѓе што земјата ја изнесоа на прав пат – да продолжиме по овој пат. ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски, кои нудат обнова на режимот, и тие мора да одат во опозиција да се обноват однатре исто како и ДУИ, која излезе со национализам зашто нема што да им понуди на граѓаните“, рече Спасовски.
Тој рече дека гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита.
„Се носи голема одлука. Ако не излеземе на изборите, тоа е глас за Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, за обновен режим наместо сигурна иднина, за закани за слободата, за бели палати и мермер, а не за парите кај граѓаните, за меѓународна изолација наместо членство во НАТО и ЕУ.
Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е сигурност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. Заокружете број 3 за сигурна иднина на сите во нашата држава“, повика Спасовски нс средбата со жителите на тетовското село Сараќино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

