Македонија
Голема екоакција во 13 града во земјата
Екоактивности за собирање и селекција на отпадот од јавните површини паралелно ќе се одвиваат во 13 града низ Македонија. Денеска, со почеток во 10.30 часот, „Ротари Македонија“, во соработка со „Пакомак“, ќе организира акција за собирање и селекција на отпад, која ќе се одвива паралелно во сите градови каде што има ротари-клубови.
Акцијата со мото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоација!“ е замислена да го одбележи првиот ротари-ден во Македонија. Главната цел на ротаријанците е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓу себе и со сите активни граѓани што ќе се вклучат во акцијата.
Екоакцијата ќе се одвива паралелно во 13 града во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св. Николе, Битола и Охрид.
На 12 мај, со почеток во 10.30 часот. активностите ќе почнат во главниот град Скопје со чистење на отпадот во Градскот парк. Истовремено, во другите градови во земјата ќе почнат екоацкии за собирање и селекција на отпадот. Во Велес ќе се чисти отпадот во Младинскиот парк, во Неготино просторот околу спортската сала ,,Младост“. Штипските ротаријанци ќе ги чистат парковите во централниот дел на градот. Битола ќе ја спроведе акцијата на локацијата кај новиот градски пазар на улицата Васко Карангелески, а во Куманово ќе се чисти по должина на булеварот Октомвриска револуција. Охриѓани ќе го чистат централното градско подрачје. Тетово подготвува голема екоација со која ќе бидат опфатени повеќе локации, и тоа: зелениот пазар, градскиот стадион, патеката покрај реката, градинките, градскиот центар и паркот, а ротаријанците од Св. Николе ќе го чистат излетничкото место Ѓуриште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

