Македонија
Големото семејство на СОС „Детското село“
Под девизата „Лесно е да чиниш добро кога многумина помагаат” на 11 март се одржа настан за благодарност на најголемите донатори и подржувачи на работата на СОС Детско село. На присутните 150 претставници од бизнис секторот и граѓани кои веруваат во нашата кауза и работа, им се обрати почесниот гостин на настанот Н.Е. австрискиот амбасадор Др. Георг Вуцас кој сподели дека во 2021 година повеќе од 70% од компаниите и граѓаните на Австрија донирале, од кои 25% дале поддршка на најранливата група – за децата без родителска грижа.
Порача дека иако нашата земја е мала, ги има истите проблеми како и големите земји, и “лекот“ е секогаш ист, поддршка од мнозинството, и повика на подигнување на свеста во општеството за активно делување и поддршка на тие на кои им е најмногу потребно.
![]()
На ова се надоврза Јулијана Гапо – директор на СОС Детско село “Сакаме да се заблагодариме на сите оние со чија помош минатата година успеавме да поддржиме повеќе од 510 деца и млади без родителска грижа или во социјален ризик , и кои овозможија реализација на нашата имисија “Топол дом , љубов и грижа за секое дете”. Благодарност на повеќе од 350 компании, благодарност на повеќе од 500 од нивни вработени што преку различни активности и кампањи се вклучија и дадоа свој допринос, благодарност на повеќе од 5000 индивидуалци за нивната несебична поддршка.”
На настанот се доделија признанија на најголемите поддржувачи од бизнис заедницата:
– компаниите кои повеќе години нѐ поддржуваат “Пивара Скопје”, “Шпракасе Банка”, “Осигурување Македонија”, “Нептун Македонија”, “Макпрогрес”, “АЕК”.
– компанијата “Веро Маркети” која ја реализираше иновативната кампања “Заокружи сметка”
со која постигна голем успех и допре до голем број на граѓани.
– “Арс Ламина” и Зоран Спасов – Ѕоф за реализација на проектот “Хуманитарна книга”.
– 15 ИТ компании за проектот “IT4Charity 2021” при што нивните вработени преку физичка активност генерираа зелени километри кои беа со хуманитарна димензија. – Slice, Valtech, Allocate Software, Foxit, Kajgana Media, Sopro, Intertec, One Inside, Netcetera, Cognism, CodeIT Solutions, InPlayer, EmbedSocial, Symphony Digital Skopje и македонската апликација Challenger.
– на Водовод Скопје кој веќе три години го претcтавува нашиот глас помеѓу нивните корисници.
![]()
![]()
![]()
![]()
Посебно не радува фактот дека секоја година се поголем број на граѓани се приклучуваат во поддршката на СОС Детско село. Многу донатори прават голема разлика во животот на децата од ранливите групи а во исто време секоја донација возвраќа на секоја индивидуа со радост, гордост и лично задоволство.
Благодарност до сите оние граѓани кои во текот на годината донираат дел од своето време и средства на нашата кауза и на оние кои секој месец посветено донираат и овозможуваат континуитет на поддршката на оние на кои им е најпотребно.
БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СОС СЕМЕЈСТВО
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

