Македонија
Голем интерес за конкурсот за ДУП-от во Расадник во Англија, Иран, Украина…
Голем интерес кај стручната јавност предизвикува меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, што го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеца. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни стручни веб-страници.
Имено, освен на веб-страницата за јавни набавки на Европската Унија, на веб-страниците на Архитектонскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери и на Асоцијацијата на архитекти конкурсот, поставен е и на веб-страниците на нивните сестрински организации.

До стручњаците од нивните земји го пренесе и Сојузот на архитектите на Црна Гора, а текстот со сите критериуми се појави и на престижниот портал: https://www.archdaily.com/986151/international-competition-for-conceptual-urban-architectural-solution-for-a-city-quarter-j14-rasadnik-skopje-municipality-of-kisela-voda.
Досега интерес за учество на меѓународниот конкурс има од стручни лица од целиот свет, како од Англија, Иран, Украина, Србија, Црна Гора…
Жири-комисијата, во која има и врвен меѓународен експерт од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од домашната стручна јавност и граѓаните преку партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода, веќе одржа неколку состаноци.
Главниот фокус беше ставен на пристигнатите прашања и барања за дополнителни податоци. Од пред неколку дена сите досега пристигнати прашања и нивните одговори се достапни и на веб-страницата на Општина Кисела Вода.
Тоа ќе биде пракса и во периодот што останува до 11 ноември 2022, кој е краен рок за пристигнување на идејните решенија.

По речиси 60 години, Кисела Вода е првата општина што се осмели да направи сериозен чекор напред и да ги следи меѓународните стандарди за урбанистичкото планирање, транспарентното работење и водење сметка за јавниот интерес.
За потсетување, програмските насоки за Расадник, зададени во конкурсот, предвидуваат постоење детска градинка, основно училиште, верски објект, урбан парк од минимум 100.000 м2, спортско-рекреативни содржини, високо образование со ботаничка градина.
Ги охрабруваме сите заинтересирани да земат свое учество и да понудат архитектонско-урбанистичко решение, кое ќе одговара на потребите на жителите на Расадник и ќе биде естетско решение за идниот лик на овој дел од Кисела Вода. Наградите се парични.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.
На крајот од секој семестар, учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност – Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини.
Повеќе информации за програмите на следниот линк: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning
Уписот е во тек и трае до 25.2.2026 год. За дополнителни информации во врска со уписот, обратете се на тел.бр.02-3134345 или на е-пошта: [email protected].
фото/Depositphotos
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟩 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар известува дека во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ биле отстранети 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.

