Македонија
Градоначалниците на конференција за иновации во Тел Авив
Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, и градоначалниците на општините Велес и Гази Баба, Аце Коцевски и Борис Георгиевски, учествуваат на меѓународната конференција за општински иновации, MuniWorld 2019, што од 26 до 28 февруари се одржува во Тел Авив. Организатор на конференцијата е Федерацијата на локални власти на Израел. Во рамките на конференцијата се одржува и MuniExpo 2019, најголемиот годишен настан во организација на Федерацијата на локалните власти на Израел.
Заменик-министерот Павлески оствари средба со претседателот на Федерацијата, Хаим Бибас, со претставници на локалната самоуправа и на бизнис-заедницата од Израел, како и со делегации од други земји. На средбите беше искажан интерес за соработка со Северна Македонија како дестинација со голем потенцијал.
Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, и градоначалниците Аце Коцевски и Борис Георгиевски имаа средба и со амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Ден Оријан, на која претставници на израелски компании презентираа иновативни решенија за развој на туризмот. Конференцијата MuniWorld, како и MuniExpo, се организира трета година по ред и е исклучителен настан за запознавање со последните инивативни решенија на тема паметни градови – иновации, оддржливост, стратегии и пристапи во урбанистичкото планирање, транспорт, управување со отпадот и други услуги, унапредени со користење нови технологии.
Годинава, конференцијата акцентот го става на урбаната безбедност и иновациите. Поради поголема безбедност во градовите, нагласена е неопходноста од соработка меѓу локалните власти, службите за безбедност и граѓаните, соработка со компаниите и користење иновативни решенија, градење стандарди од страна на меѓународната заедница и преземање поголема одговорност од страна на социјалните медиуми.
На конференцијата учествуваат над 200 претставници на локалната власт, министри, претставници на научни и финансиски институции и на бизнис-секторот од Израел. Беше искористено присуството и на речиси 900 учесници од многу други земји од целиот свет како можност за вмрежување и соработка, како и со над 170 компании од Израел, кои ги презентираат своите најнови иновативни решенија за подобрување на услугите и на безбедноста во градовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

