Македонија
Градоначалничката Арсовска им изрази почит на македонските Евреи жртви на Холокаустот

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсоска, со делегација од Град Скопје, денеска оддаде почит во сеќавање на 11-ти Март годишнина на денот кога од страна на фашистичкиот окупатор 7144 македонски евреи се депортирани во логорот Треблинка.
-Поминати се 80 години од овој суров и трагичен ден на кој нашите сограѓани заминаа од своите домови, од каде никогаш повторно не се вратија. Градот Скопје одбележувајќи го овој датум изразува длабока почит на еврејскиот народ, со осуда на геноцидот, никогаш да не се повтори и да не се заборави една од најголемите трагедии на човештвото, вели градоначалничката Данела Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ oбвинува за дискриминација на Албанците во Царинската управа

Демократската унија за интеграција вели дека 26 службеници во Царинската управа од македонска етничка припадност биле унапрдени, без ниту еден Албанец.
Од ДУИ обвинуваат дека се води систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата.
Повикаа на итна реакција од Владата и одговорност од оние кои, како што велат, со своето молчење или учество овозможуваат враќање кон дискриминаторски практики.
Македонија
Таравари го разреши Арбен Фетаи и уште неколку членови на претседателството на Алијансата за Албанците

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание.
Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со Алијансата за Албанците, или со Влен.
Тој рече дека ќе соработуват и со ДУИ, и со ВЛЕН на локалните избори за да им помогнат на Албанците, говорејќи дека нема функција, нема име или позиција што има вредност како една чесна структура која излегува пред граѓаните со чисто лице.
Состанокот и разрешувањето се случуваат во период кога повеќе високи партиски функционери се спротивставија на одлуката на Таравари да ги напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на собранието на Алијансата е избран Назим Таипи.
Фетаи за денес во 14 часот најави прес-конференција.
Македонија
Дожд викендов во целата држава, најмногу во Крива Паланка, Виница и Струмица

Низ цела Македонија, викендов има врнежи од дожд, а во изминатите 24 часа, најмногу дожд 20 литри на метар квадратен се забележани во Крива Паланка, Виница и Струмица.
Според информацијата на УХМР, 16 литри на метар квадратен дожд паднале во Штип и Кавадарци, 14 во Битола и Берово, 13 во Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 во Претор, 8 – Демир Капија, 7 во Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе, 4 Маврови Анови.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 литри на метар квадратен). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 километри на лас), особено долж Повардарието.
Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.