Македонија
Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1
																								
												
												
											Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чување на инсулинот кој го користат на константна температура. Во просториите на градот Скопје, Градоначалничката Данела Арсовска, заедно со Катерина Јовановска, член на комисијата за унапредување на правата на пациентите и член на Советот на Град Скопје и претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија Баланс МК и Сојузот на дијабетичари на Македонија симболично ги доделија термос инсулинските торбички.
Пред присутните се обратија и д-р Александра Јанчевска, раководител на Одделот за ендокринологија при Клиниката за детски болести, Наташа Д. Димитриевска, претседател на Баланс Мк, Татјана Јордева, секретар на СЗДМ. Втората група на торбички ќе се дистрибуираат преку Клиниката за детски болести до крајните корисници.
„Подаваме рака на сите наши сограѓани кои се соочуваат со здравствени предизвици и правиме се во рамки на нашите можности да им го олесниме животот и секојдневното функционирање. Особено се грижиме за нашите најмлади, за децата, за да им го направиме детството што посигурно и побезгрижно. Токму тоа е целта на овој проект, да го олесниме животот на децата со дијабет, кои инсулинот соодветно ќе можат да го складираат во термос инсулинска торбичка со фреон. Градот Скопје е силен поддржувач преку многубројните системски, сеопфатни и иновативни програми за здравствена и социјална политика со кои внесуваме промени во општеството и на кои посветено и континуирано работиме“, велат од Град Скопје.
Иницијативата за набавка на термос инсулинските торби со фреон за деца до 18 години со дијагноза дијабет тип 1 покрената од Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје, се реализира како заедничка активност со Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита при Советот на Град Скопје, како дел на Програмата за активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

