Македонија
Град Скопје почнува со присилна наплата на заостанати долгови
Град Скопје информира дека почнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година.
Затоа, велат од таму, им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата, потребно е неодложно да ги намират своите обврски.
„Воедно, ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во својата финансиската картичка, која е објавена на интернет-страницата на Град Скопје, со извршена негова регистрација. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 7.30 часот до 16.30 часот“, информираат од Град Скопје.
Од таму велат дека во март биле испратени опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.
„Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје: Се беше чисто и средено како што доликува
Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски биле во вечерна обиколка на градот.
„Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје!
Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, напиша Мицкоски.
За вечерната обиколка на социјалните мрежи објави и градоначалникот Ѓорѓиевски.
„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува.
Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме.И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Го посетивме, пишува тој, и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија.
„ Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација.
Најдоброто, доаѓа“, потенцира градоначалникот на Скопје.
Македонија
(Видео) Јанков од партијата Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег
Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.
„Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе доведе до трошење на 40 милиони денари за неактивност.
Предвидената механизација е недоволна, исто како и количината на сол и не би издржала ни до половина зима“, велат од партијата Левица.
„Дополнителен проблем претставува и ангажманот на приватни фирми, кој е опишан без наведени имиња, цени или конкретни обврски, што претставува неприфатливо ниво на непрецизност за документ што треба да гарантира јавна безбедност, па оттука Програмата не нуди безбедност, туку претставува само декларативен текст.
Поради овие недостатоци, советничката група на Левица гласаше против програмата, оценувајќи ја како нелогична, паушална и ризична за граѓаните и буџетот на Град Скопје“, соопшти партијата Левица.
Македонија
„Филипче докажува секој ден дека само ги исполнува желбите на Заев, оваа политика значи крај за СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче воопшто не е заинтересиран ниту за партијата, уште помалку за граѓаните и државата. Филипче секој ден се интересира само за една работа, а тоа е како да ги задоволи желбите на Зоран Заев и како заедно со него да го минува времето во луксузни вили, јахти во соседството или во Дубаи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче да беше малку заинтересиран за јавното добро за почеток ќе направеше нешто добро за СДС, ќе започнеше со консолидирање на партијата, поставување на нови и квалитетни кадри. И доколку Филипче почнеше да прави нешто добро за партијата во државава ќе имаше здрава опозиција.
Филипче и Заев не се никакви партиски другари кои работат за добро на членството, на партијата, државата. Филипче и Заев се друштво заинтересирано за лични цели, па ја држат во заложништво и СДС.
Филипче покажа и докажа дека не сака силен СДС, туку сака само да му удоволува на Заев. Токму затоа се додека Филипче и Заев заедно ги влечат конците во СДС единствен резултат ќе бидат расипнички политики. Токму затоа оваа политика ќе значи крај за СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

