Македонија
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Град Скопје ги отфрла тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека градоначалникот Петре Шилегов незаконски ѝ доделил тендер од 967.600 денари на фирмата „Флај кем“ на партнерот на министерката за труд и социјална политика, МилаЦаровска.
„Град Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени за досегашната соработка со оваа компанија, како и за наводните нерегуларности. Сакаме да ја информираме јавноста дека нашата соработка се заснова на јавен повик за јавна набавка распишан од Град Скопје, која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која може да учествуваат сите компании што ги исполнуваат условите. Град Скопје ја уверува јавноста дека сите законски прописи се запазени и дека нема никаков простор за сомнежи и шпекулации, а воедно апелира до сите компании и приватни лица, доколку имаат какви било забелешки и индиции дека постои некакво прекршување на законот, тоа да го пријават до надлежните институции“, велат од Град Скопје.
Од таму појаснуваат дека станува збор за јавна набавка за изнајмување опрема за висинско набљудување терен, диви депонии и други зони во градот, која е целосно легална и постапката за неа е извршена во согласност со сите законски норми. Оваа јавна набавка, велат од Град Скопје, е во насока на зголемување на техничките можности на Инспекторатот на Град Скопје во мапирањето диви депонии, а во насока на подобрување на животната средина и борбата против создавањето диви депонии.
„Посочената компанија, која е избрана на јавниот повик, е компанија со која Град Скопје има соработка и во минатото, поточно во 2016 година, кога таа по пат на јавна набавка е избрана за изработка на видеодокументација за тековни инвестициски и инфраструктурни проекти на Град Скопје. За потсетување, во 2016 година градоначалник на град Скопје и потписник на овој договор е Коце Трајановски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

