Македонија
Град Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија.
“Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во САД за градска и државна дипломатија која го води и координира ангажманот на Стејт департментот со градоначалниците од САД и ширум светот, за градење релации меѓу градовите со цел соработка за иновативни решенија, инвестиции и размена на меѓународни искуства. Горда сум што како Градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и што како платформа ќе отпочнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура.” – истакна градоначалничката Арсовска при посетата на САД.
Глобалниот парламент на градоначалници преку вклученоста во Обединетите Нации, ОЕЦД и бројни меѓувладини институции, ги промовира и спроведува предлозите на градоначалниците, црпи искуства од успешно спроведените активности од градоначалниците ширум светот, и гради политики со оглед на тоа што градовите со својот придонес од над 85% во БДП имаат клучна улога на глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

