Македонија
Град Скопје: Информациите за булеварот АСНОМ беа дадени на новинарско прашање, немаше официјален настан
Град Скопје ги демантира наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека имале сознанија оти проширувањето на булеварот АСНОМ се прави без одобрение за градба од непознат изведувач на градба и од непознат надзор на градба. Според ВМРО-ДПМНЕ, постојат сомневања за сторени кривични дела, а според нив, уште поважно е што овие кривични дела се прават во временски период во изборна кампања, односно пред вториот круг на претседателските избори.
„Град Скопје остро ги демантира невистините изнесени од ВМРО-ДПМНЕ и Светлана Колариќ во врска со изградбата на булеварот АСНОМ и мостот на реката Вардар помеѓу Аеродром и Ќерамидница. Град Скопје деновиве почна со подготвителните работи од првата фаза од овој капитален проект за кои беа поминати сите потребни законски постапки. Активностите се извршуваат во согласност со програмата за работа и планот за јавни набавки и според нив булеварот АСНОМ е почнат навреме според сите правила. Дополнително, токму со цел да се избегнат вакви можни проблеми поради изборната кампања за претседателските избори, Град Скопје реши да не организира официјален настан, туку овие информации беа дадени како дел од новинарско прашање, а Градот секако дека има право да ги информира граѓаните за своите активности“, велат од Град Скопје.
Од аспект на дозвола за градба, велат од таму, деновиве почнаа само подготвителни работи за овој проект, а соодветна градежна дозвола Град Скопје сам ќе издаде во моментот кога ќе дојде времето за конкретни градежни активности.
„Во врска со обвинувањата за непознати извршители на градежните работи, Град Скопје спроведе транспарентна јавна постапка и преку електронска набавка е избран најповолниот понудувач, а договорот е потпишан пред еден месец. На официјалната страница на Бирото за јавни набавки се објавени потпишаниот договор помеѓу Град Скопје и ‘Бауер БГ’, самото електронско наддавање помеѓу учесниците на јавната набавка и сите други потребни информации што ѝ стојат на располагање на целата јавност“, се вели во демантот на Град Скопје.
Од СДСМ, пак, велат дека со поднесувањето на неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против изградба на нов мост во Скопје, против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата во Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го прикрие фактот дека токму нивната кандидатка го прекрши Изборниот законик преку груба злоупотреба на деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за полиитчки цели. Наместо да се обидуваат да браат алиби во секој проект што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска нека се спремаат за пораз на 5 мај кога граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната матрица на криминал, деструкција и блокади“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

