Македонија
Град Скопје и „Градски паркинзи“ ќе донираат „Пајак“ возила на Охрид и Штип
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“, во насока на зголемување на соработката на општините Охрид и Штип, ќе донираат движен имот – специјално возило „пајак“.
„Донацијата за Општина Охрид се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Мерцедес произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка марка Вестроспрем од 2009 година.
Донацијата за Општина Штип, ќе биде наменета за Јавно претпријатие за одржување на улици и патишта и други комунално-услужни дејности СТИПИОН 2011 Штип и истата се состои од движен имот – специјално товарно возило со дигалка „пајак“, марка Ивеко Отојол произведено 1996 година“ се вели во соопштението на Градот.
Донацијата за двете општини е усвоена од страна на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ и истата за да биде финализирана треба да биде потврдена од страна на Советот на Град Скопје и истата ќе биде на дневниот ред на наредната седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

