Македонија
Град Скопје се вклучува во кампањата „Лето без пожари“
Одделението за превенција при СВР Скопје почна кампања „Лето без пожари“ со активности на паркингот на Средно Водно. Кампањата се одвива во соработка со Град Скопје, Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, Општина Карпош и ЈП „Паркови и зеленило“ со цел превенција од пожари на отворено во летниот период.
„Градот Скопје активно се вклучува во кампањата „Лето без пожари“. Апелираме за внимателност при движење во шумите, како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации“, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани и рекреативци.
Полициски службеници ќе остваруваат средби со рекреативците посетители на ,,Парк шумата Водно”. По случаен избор ќе запираат патнички моторни возила и на возачите ќе им се укажува за можните ризици од појавата на пожар, штетите од евентуалната појава на пожари на отворено и укажување од можните последици од палењето на оган на отворено.
Активностите ќе продолжат во летниот период преку остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен, превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

