Македонија
Град Скопје со намален буџет за идната година поради пандемијата
На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година. Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и голема економска криза, резултат на здравствената пандемија, буџетот на Град Скопје за 2021 година е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност, во насока да се обезбеди извршување на сите законски надлежности на Градот Скопје, со подобро буџетското планирање и извршување.

Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење.

Согласно со направените проценки и анализи, со предлог-буџетот на Град Скопје за 2021 година се предлага износ од 7,2 милијарди денари вкупни приходи и други приливи.

Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минатигодини, во износ од 477.000.000 денари. Споредено со 2020 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2021 година, се намалува за 8,5%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

