Македонија
Град Скопје тврди дека не се укинуваат средствата за обнова на „Вардариште“
Градот Скопје го демантира Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ дека во предлог-изменувањето и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2018 година, што ќе биде разгледувано на утрешната седница на Советот на Град Скопје, се укинуваат парични средства првично наменети за стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
„Парите наменети за обнова на стационарот „Вардариште“ остануваат во буџетот, зашто Град Скопје е цврсто решен да го реконструира постојниот стационар според сите важечки стандарди во таа област и според препораките на експертите и трајно да го реши овој горлив проблем. Во таа насока, Град Скопје ја чека дозволата од Општина Гази Баба за легализација на овој објект, по што ќе може да се преземат и конкретни чекори на ова поле. Сакаме да појасниме дека од Буџетот се тргаат средства наменети за проект за расчистување на депонијата „Вардариште“, што воопшто не е поврзано со стационарот „Вардариште“ и не треба да создава забуна кај јавноста“, се вели во соопштението.
„Во меѓувреме, грижата за бездомните животни Град Скопје ја докажува секојдневно, преку нивен хуман третман. Доказ за тоа е новото возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, што неодамна го стави во употреба ЈП „Комунална хигиена“. И покрај лавината неточни обвинувања што на наша адреса пристигнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, градоначалникот Петре Шилегов потенцира дека здруженијата за заштита на животните и понатаму остануваат ценет и близок партнер на градот за решавање на проблемот со бездомните животни, зашто само заедно може да се дојде до најповолното решение за соодветна грижа за уличните животни“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

