Македонија
Граѓаните излегоjа и прославија, утре извештај за потрошените пари, порача Владата
Во 15 градови, со 40 музичари, со автентичен домашен звук, граѓаните ширум Македонија го прославија историскиот успех на земјава, добивањето покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, соопшти Владата на РЕпублика Македонија.
„Граѓаните од целата земја излегоа слободно и прославија, на 15 настани кои обединуваат и со тоа ја поддржаа Македонија која се обединува и која оди во НАТО и ЕУ.
Вредноста на историскиот момент е препознаена ширум држава, од Гевгелија до Гостивар, од Куманово до Струга. Владата на Република Македонија изразува благодарност до општините за поддршката и помошта прославите да поминат во најдобар ред, а до музичарите благодарност за професионалниот однос и ангажман. Во текот на утрешниот ден Владата ќе објави целосен извештај за организацијата на настаните“ се наведува во соопштението на Владата.
„Македонија ја продолжува успешната приказна. Тоа е приказна за слободата, успехот, безбедноста и економскиот раст. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот, застануваме цврсто во одбрана на правото на сопствен став, осудуваме ширење омраза заради изразен став.
Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука во нашата земја“ се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

