Македонија
Граѓаните од Источниот Плански Регион даваа предлози за урбан развој
Како да се подобри ситуацијата со разликите меѓу руралниот и урбаниот дел во источниот регион на Република Северна Македонија беше разговарано на првата регионална сесија од Источниот Плански Регион во рамките на програмата „Регионални форуми во заедницата“.
На сесијата, каде што учествуваше и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, граѓаните даваа свои предлози за плански развој на регионот.
„Сметам дека преку организирање повеќе форумски сесии се отвора инклузивен процес на консултација на граѓаните и се постигнува целта за нивно директно учество во планирањето на развојот на планскиот регион. Развојните политики се во функција на поттикнување развоен циклус кој директно ќе се одрази на благосостојбата на државата и на нејзините граѓани. Затоа, во планирањето на развојот треба да бидат вклучени сите фактори, односно и оние што се најзасегнати, граѓаните и бизнис-заедницата. Потребна е хоризонтална и вертикална координација во процесот на планирање преку тесна соработка на двете нивоа на власт – централната и локалната“, истакна Фазлиу во своето обраќање.
Како што објасуваат од ресорното Министерство, главната идеја на ваквите форумски сесии е да се дискутира за проблеми што го засегаат регионот и да се понудат решенија од кои ќе произлезат концепти за проекти и нови идеи.
Од тие концепти за предлог-проекти учесниците на форумите ќе ги изберат најиздржаните, кои подоцна ќе конкурираат за реализација, а на последната форумска сесија ќе се издвојат јавно избраните проекти.
„На крајот од процесот ќе биде финансиран проектот што ќе го изберат самите граѓани. За оваа намена се обезбедени 850 илјади швајцарски франци за проектите во осумте плански региони. Во Источниот Плански Регион ќе биде финансиран проект во вредност од 95 илјади франци“, појасни министерот.
Програмата „Регионални форуми во заедницата“ се реализира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, која Центарот за развој на Источниот Плански Регион ја реализира во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

