Македонија
Граѓаните упатија порака дека им е доста од Евро Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Криминалот и корупцијата се карактерна особина на Зоран Заев и картелот што го води. Граѓаните покажаа дека не сакаат во Република Македонија да се применува моделот ,,евро за Вицето, евро за црквата” кој Заев го патентираше во Струмица, се вели во реакцијата на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните упатија порака дека им е доста од Евро Заев. Македонија не смее да продолжи да осиромашува, додека Заеви се богатат, земајќи едно евро од секој квадрат легализирано земјиште, купувајќи индустриски гиганти по цена од една гарсониера, влегувајќи во милионскиот бизнис со марихуана и превезувајќи руда за потребите на РЕК Битола. Додека граѓаните се сè посиромашни, кланот Заев е се побогат. Времето кога со сеење на страв го заплашуваа народот да не го искаже својот револт помина. Граѓаните се храбри и јасно кажаа дека овој криминал мора да запре. Господинот Евро Заев станува минато и тој ќе оди на темната страна на македонската историја“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

