Македонија
Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат, велат од СДСМ

Анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица е единствениот кочничар на европската иднина на државата, велат од СДСМ преку соопштение.
„И покрај успешниот скрининг и силната поддршка во унијата, не започна процесот на отворање поглавја и тоа поради активната блокада на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание.
Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина.
Затоа на овие избори граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокадите на европскиот пат.
Со глас за СДСМ и Европскиот Фронт се обезбедува европска иднина, продолжување по европскиот пат до полноправно членство во ЕУ.
СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе државата во Европската Унија и ќе обезбеди европска иднина, европски стандард и европски вредности“, се вели во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР.
Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски.
„По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа дополнително ќе ја влоши безбедносната на граѓаните којашто со Тошковски е веќе загрозена. Тошковски ги урива критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата. Целосно го елиминира кариерниот систем, напредувањето на професионалните луѓе со искуство, со знаење.
Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што тој ќе го одбере. Без искуство, без знаење, но со партиска книшка“, рече Талески.
Како што додаде, Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри. Во време на сериозни геополитички предизвици и безбедносни ризици, ова, смета СДСМ, е директен удар врз граничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти.
„Тошковски сака да овозможи бришење на полициски податоци. Без траги, без евиденција, без одговорност. Ова е опасен механизам за прикривање на криминал и заштита на структури блиски до власта. Ја подига старосната граница на 30 години за прием во полицијата што е е директна дискриминација на младите и отворање простор за вработување на партиски кадри. Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владеење на правото“, додаде Талески.
Се додава и дека ова е нова верзија на Груевизмот, партиска милиција за заштита на криминалот на Власта. Панче Тошковски да решава кој ќе биде уапсен кој не, кој ќе се спаси од одговорност и ќе биде заштитен. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија и затоа овој скандалозен Закон мора да биде повлечен, додаде Талески.
Македонија
Манасиевски: Каја Шукова е врзана во бизнис-кругот на Заев и Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи

Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидат кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС? Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?
Дали Каја Шукова заради ова свое минато со Заев и Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?
Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и Филипче.
Каја Шукова ќе дознае што мислат Скопјани за СДС и за неа, со најголемиот пораз во историјата на таа партија“, рече Манасиевски.
Македонија
До сабота натпросечни температури над 40 степени, од недела дожд

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.
До сабота (26.7) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за јули. В недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Извор: УХРМ