Македонија
Грковска: Високо ја цениме австриската поддршка во процесот на пристапување кон ЕУ
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со делегацијата на пратеничкатата група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија, која е во дводневна посета на земјава.
Грковска им посака добредојде на австриските пратеници, се заблагодари за поддршката која земјава ја добива од пријателска Австрија и нагласи дека градењето блиски релации помеѓу парламентите на двете земји е од големо значење, затоа што тоа води кон поголема соработка во сите други области.
Членовите на австриската парламентарна група за пријателство истакнаа дека целта на нивната посета е да искажат поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и да се информираат за текот на реформите кои се поврзани со оваа цел. Се разговараше и за потребата од донесување на уставните измени, како клучен чекор за продолжување на патот до полноправно членство во Унијата.
Пратениците изразија интерес за улогата на Кабинетот за добро владеење, кој за првпат се воспостави со формирањето на актуелната Влада. Во таа насока, вицепремиерката Грковска информираше за надлежностите и активностите поврзани со борбата против корупцијата, јакнењето на транспарентноста и ефикасноста на институциите и дигиталната трансформација на општеството. Таа се осврна и на реформите во администрацијата и почитувањето на Етичкиот кодекс од страна на носителите на функции, а се разговараше и за актуелните состојби во правосудството.
Осврнувајќи се на сите овие предизвици, вицепремиерката Грковска истакна дека во година која е клучна за европските интеграции во земјата, секој чинител во државата треба да е свесен за својата одговорност во процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

