Македонија
Грковска – Вуцас: Австрија е силен поддржувач на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија
Република Северна Македонија ги почнува пристапните преговори за членство во Европската Унија и за таа цел добредојдена е секоја поддршка и искуство од нашите сојузници, кои веќе се дел од европското семејство, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија во државата.
Вицепремиерката Грковска се заблагодари за досегашната поддршка што Австрија ѝ ја дава на Северна Македонија како на евроинтеграцискиот пат така и во реформските процеси. Таа го запозна амбасаорот Вуцас со основните столбови на кои се фокусира нејзината работа, а тоа е дигиталната трансформација на општеството, создавање професионални, одговорни и отчетни функции, како и креирање антикорупциски политики.
Амбасадорот Вуцас нагласи дека Австрија е силен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија, а доброто владеење и превенирањето на корупцијата се темел на овој процес. Антикорупциските политики и превенирањето на корупцијата, додаде тој, е суштинска вредност за тоа како функционира целото општество.
Амбасадорот Вуцас нагласи дека Австрија е подготвена да ѝ помага на нашата држава во градењето ефективни и трајни политики на добро владеење.
Двајцата соговорници се согласија да ја продлабочат меѓусебната соработка и да организираат размена на искуства и техничка поддршка помеѓу релевантните фактори од Северна Македонија и од Австрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

