Македонија
Грковска – Гир: Континуирана е поддршката на ЕУ за унапредување на реформите за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, денеска во својот кабинет го прими амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир.
Евроамбасадорот Гир, честитајќи ѝ го мандатот на вицепремиерката, ѝ посака успешна работа истакнувајќи дека поддршката на ЕУ за исполнување на условите за почеток на преговорите и унапредување на реформите интензивно продолжува.
Вицепремиерката Грковска изрази задоволство од досегашната соработка со институциите на Унијата и го запозна амбасадорот Гир со активностите и плановите за интензивирање на реформите преку креирањето политики за добро владеење, кои овозможуваат непречено функционирање на надлежните институции, со фокус на обезбедување ефикасна борба со корупцијата и изнаоѓање вистински решенија за детектирани системски слабости.
На средбата се разменија мислења и за важноста на унапредувањето на основите за дигитализацијата на процесите и овозможувањето ефикасно, транспарентно функционирање на институциите и беше потврдена подготвеноста за продолжување на поддршката и соработката во овие области.
Соговорниците ја нагласија подготвеноста за размена на искуства и соработка и за квалитетно спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025 и беа истакни потребата и значењето на добрата соработка и партнерството на институциите во насока на обезбедување ефикасно и непристрасно следење на примената на Кодексот за етичко однесување за носителите на јавни функции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.