Македонија
Грковска – ИРИ: Зајакнување на доброто владеење е заедничка заложба
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со делегација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Олин Ветингтон, член на Управниот одбор, со кого разговараше за повеќе актуелни теми, како и за поддршката на Институтот во спроведувањето на реформите за развој на демократијата во општеството.
На средбата беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше разговарано за споделување искуства на најдобрите европски и американски практики, особено во сферата на политиките за поголема ефикасност и транспарентност на државните институции, креирање на антикорупциските политики и дигиталната трансформација, при што беше изразена благодарност за поддршката на ИРИ во изготвувањето на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.
Соговорниците разменија мислења и за системските мерки и решенија во делот на законската рамка за конфискација и потекло на имот, проверка на интегритет, контрола на имотот и други прашања што се во интерес на динамизирање и зајакнување на антикорупциските политики и пракси.
Вицепремиерката Грковска и претставниците на ИРИ договорија продолжување и унапредување на соработката согласувајќи се дека програми и проектите на Меѓународниот републикански институт помагаат во зајакнување на доброто владеење во земјата, промовирање на транспарентноста и јавната одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

