Македонија
Грковска: Националниот совет за дигитална трансформација на општеството ги усвои основата и концептот за дигитализација
																								
												
												
											Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој претседава заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот состанок, на кој беше усвоен нацрт-концептот за дигитална трансформација на општеството.
Нацрт-концептот за дигитална трансформација на општеството почива на четири принципи: владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, како и принципот „само еднаш“, според кој податоците што еднаш се внесени во јавен регистар да не смее да се бараат повторно од физичките и правните лица.
На состанокот се разговараше за електронската лична карта и за принципот „дигиталното е стандардно“, каде што дигиталната верзија добива поголемо значење од хартиената верзија.
Вицепремиерката Грковска нагласи дека овие принципи и концептот се отворени за дискусија имајќи предвид дека ова е општествен процес со кој се утврдува основата на дигиталната трансформација на општеството.
Пред членовите на Советот беше презентиран и дигиталниот асистент за инвестиции АДА, кој е базиран на вештачка интелигенција.
Советот во својот делокруг на работење ќе планира и предлага иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството, ќе учествува во изготвување предлог-план за оптимизација на процесите.
Советот на денешната седница го усвои и деловникот за работа.
Членови на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството се министрите за внатрешни работи, за одбрана, за информатичко општество и администрација, директорот за Агенцијата за електронски комуникации, како и претставници од комисии во Собранието на Република Северна Македонија, стопанските комори, од банкарскиот сектор, локалната самоуправа и академската заедница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
														Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава.
„Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати“, истакна министерот Алиу при посетата.
Директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова изрази благодарност до целиот тим за посветеноста во работата и грижата за пациентите со кардиолошки заболувања.
„Министерството за здравство продолжува со поддршка на иницијативите за воведување нови процедури и методи во јавните здравствени установи, со цел унапредување на третманот на пациентите на сите нивоа на здравствена заштита“, порача министерот Алиу.
Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

