Македонија
Грковска: Транспарентноста е процес што постојано мора да се унапредува и надградува
Транспарентноста не е еднаш засекогаш дефинирана категорија, туку тоа е процес што постојано мора да се унапредува и да се надградува и затоа меѓународната и регионалната соработка и размената на искуства се од исклучително значење, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната меѓународна конференција на темата „Заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“, што се одржа во Струга, во организација на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, поддржана од Советот на Европа.
На конференцијата присуствуваат претставници од независните тела за слободен пристап до информации од јавен карактер од Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и од Словенија.

„Транспарентноста и ефикасноста на институциите, нивната професионалност, ефикасност и одговорност се клучните столбови во моето работење. За таа цел, морам да истакнам, дека со Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер имаме одлична соработка и верувам дека таа во наредниот период ќе биде и унапредена. Заедно со Агенцијата и со Центарот за управување со промените работиме на насоките за значајно зголемување на транспарентноста на институциите, буквално отворање на институциите. Нашата цел сега е да ги селектираме најбараните информации по категории и да ги задолжиме институциите да ги објавуваат редовно, без да има потреба граѓаните да поднесуваат за тоа барање и да го чекаат законскиот рок од 20 дена“, нагласи вицепремиерката Грковска.
Таа додаде дека оваа мерка е само преоден чекор кон крајната цел што треба да ја постигнеме, а тоа е создавање законски услови за целосно отворање на институциите, односно сите информации да бидат достапни за јавноста, освен оние што имаат карактер на класифицирани информации.
„Изминатиот период презедовме уште една мерка, која е во насока на унапредување на транспарентноста, особено во делот на трошењето на буџетските пари. Во согласност со партнерството за отворена власт обезбедивме поголема транспарентност и отчетност во трошењето на буџетските средства. Со владина одлука ги задолживме институциите не само преку Електронскиот систем за јавни набавки туку и на своите веб-страници да објавуваат информации за спроведените јавни набавки. На овој начин граѓаните имаат брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за тоа како институциите ги трошат јавните пари“, додаде Грковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

