Македонија
Груби на средба со полскиот амбасадор во Македонија: Успешно сработени ЕУ-задачите во Собранието
Претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со полскиот амбасадор во земјата, Војциех Тицињски.
На средбата Груби го потенцира значењето на заокружувањето на решението на прашањето за името со Грција по објавувањето на ратификуваниот договор во службениот весник на земјата. Исто така, го информира полскиот амбасадор и за сработените задачите, кои Собранието ги направи неодамна, како што е донесениот закон за борба со корупцијата и судирот на интереси, реформите во безбедносниот сектор и законите од областа на правосудството, кои го поминаа првото читање и се во собраниска процедура. Како значаен чекор напред во исполнувањето на политичките критериуми за влез во Европската Унија, Груби го посочи и влегувањето во сила на Законот за употребата на јазиците, со што се заокружи имплементацијата на ОРД, а кој, како што истакна, е во насока на подобрување на правата на Албанците во државата.
За време на средбата, амбасадорот го повтори ставот на Полска во однос на прашањето за проширувањето на ЕУ дека ги поддржува политиките на проширувањето и дека земјите од Западен Балкан треба да се приклучат во Европската Унија. За претстојниот самит, кој во рамките на берлинскиот процес годинава ќе се одржи токму во Полска, амбасадорот изрази надеж дека ќе се испрати сигнал дека Западен Балкан набргу ќе биде во ЕУ и во таа насока ќе се фокусира на промовирање на стабилност, економски развој, зголемување на животниот стандард и економска соработка и безбедност.
Во однос на поддршката на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, за време на средбата беше истаканто дека земјата нема да изостане и дека двете земји имаат одлични односи на сите полиња. Во тој контекст амбасадорт го поздрави значителното зголемување на стопанската размена по 2016 година, како и директната линија меѓу Скопје и Варшава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

