Македонија
(Видео) Груби: Сите амбасадори што дошле кај мене шутирале, градоначалникот на Тирана даде гол со петица

Нема амбасадор што дошол во мојата канцеларија, а да не шутирал фудбал, изјави вицепремиерот Артан Груби прашан за фотографиите што ги објави вчера, а на кои министрите од ДУИ играат фудбал во неговата канцеларија.
„Се извинувам ако фотографиите до толку задираат во вашите чувства. Јас сум спортски тип“, рече Груби.
Вицепремиерот коментира дека пред некој ден словачкиот амбасадор играл фудбал во неговата канцеларија, но тоа не било оценето од страна на медиумите како скандалозно. Исто така, градоначалникот на Тирана шутирал во просториите на Министерството за политички систем и дал гол со петица.
„Ова е таа хистерија за која зборувам, двојни стандарди, селективни правди, измислување теми“, рече Груби.
На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот одговори: „Јас дриблам“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.