Македонија
Груби со години ја крадел државата, а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле и молчеле, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на Оливер Спасовски. Сите знаеле за матните зделки, тендерите во четири очи, влијанието врз судството, криминалот и корупцијата и молчеле. Молчеле само поради една причина, а тоа е да не падне владата и да опстане коалицијата СДС- ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Димитар Ковачевски му бил соучесник во криминалот на Артан Груби. Оливер Спасовски и МВР, исто така, знаеле за криминалот на Груби и не реагирале.
Молчеле и не реагирале, со години немало никаква реакција од институциите под раководство на СДС и ДУИ. Само за да опстане коалицијата ден повеќе на власт и да продолжат криминалните зделки и богатењето на грбот на граѓаните.
СДС се виновни за ширењето на криминалот и корупцијата на ниво на пандемиски рамери.
СДС се виновни за грабежот на Груби поради тоа што знаеле и имале можност, но не го спречиле од лукративни причини.
Во СДС ништо не се менува и ден денес истите луѓе на Заев, Ковачевски, а сега Филипче повторно се таму. Истиот профил и ментална матрица на луѓе кои не носат нови, свежи и иновативни идеи за просперитетна иднина, туку се заглавени и испреплеткани во лавиринтите од минатото.
СДС наместо да спинува и да ја манипулира јавноста со евтини трикови, да се засрами затоа што функционери од СДС шурувале со криминални банди и структури и да го повика Груби да одговори пред правдата.
Нема повеќе место за криминалци во политиката, време е за одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

