Македонија
Груби – Томан: Северна Македонија и Чешка имаат потенцијал за економска соработка
Првиот вицепремиер и министер за политички систем односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, со кого се согласија дека меѓу Република Северна Македонија и Чешка постојат услови за продлабочување на економската соработка.
Амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, му вети на првиот вицепремиер Груби дека ќе продолжи да придонесува за продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете држави.
Груби му рече на чешкиот амбасадор дека ја цени поддршката и помошта на Чешка за земјата, особено во соработката на двете земји во контролата на границата на Северна Македонија, пограничниот појас со Грција, но и за подадената рака кон евро-атлантскиот процес.
Двајцата соговорници се согласија дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму со цел таа и да се зајакне.
За време на средбата со чешкиот амбасадор, Груби рече дека патот на неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку ветингот на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.
Амбасадорот Томан и првиот вицепремиер Груби разговараа и за актулностите во Северна Македонија но и за добрососедските односи на земјата, како и за други настани со кои се соочува регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

