Македонија
(Видео) Груевски: И сведоците предложени од СЈО сведочеа во наша корист

По денешното судење во кривичниот суд за предметот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот повторно, како што рече, надвор од работното време, го продолжил судењето без да образложи која е причината за тоа. Според него, случајот нема потреба од брзање.
„Иако знаеле ова да ни го прават по 11-12 часа, ова е сега помалку, но сепак без никакво образложение имаме продолжување на рочиштата, како што немаме за други случаи и личности во овој суд. Можете да забележите дека веќе сите вработени освен обезбедувањето се заминати“ рече Груевски.
Тој нагласи дека на рочиштето биле сослушани 11 сведоци и дека сите сведочеле во корист на одбраната.
„Она што денес беше суштинско и е важно да се каже е дека се сослушаа 11 сведоци и сите сведочеа во наша полза. Така што заедно со претходните сведоци, и сите 15 што сведочеа и беа предложени од СЈО…и тие сведоци и сведоците кои ние ги предложивме и денешните сведоци, сите до еден сведочеа во корист на одбраната и во исправноста на она што ние го тврдиме, а не во она што обвинителството го тврди“, рече Груевски.
Експремиерот рече дека е важно сведочењето на сите тие сведоци зашто, според него, се работи за стручни лица кои детално одговориле на нападите на обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)