Македонија
Грчев: Законот за урбанизам е транспарентен
Архитектот и професор Мирослав Грчев од програмската трибина на СДСМ, Агенда 20-24 посветена на темата инфраструктура говореше за Законот за урбанистичко планирање којшто беше донесен изминатите денови.
Грчев напомена дека Законот за урбанизам е еден од пакетот на закони коишто почнуваат со законот за просторно планирање, за градежно земјиште, за катастар и за градење. Тоа е групација на закони коишто обезбедуваат нормативна структура за интелектуална и суштествена надградба на секое опшество, објаснуваше Грчев.
„Таа вистинска надградба во изминатите години доживеа таква деформација, само законите за урбанистичко планирање, за градење и градежно земјиште беа околу 100 пати менувани за 9 години. 110 пати не кажува колку е внатре променета метријата, таа се менуваше толку бесно во неконтролирани правци, водена само од партискио- мафијашко и поединечни интереси. Се правеше промена на закон само за еден случај, за бизнис промет. Наследивме легислатива не за граѓаните, не за доброто на државата, туку наменета за поединечна злоупотреба“, рече Грчев.
Тој објасни дека законот за урбанизам којшто треба да влезе во употреба, пред се предвидува целосна транспарентност и отчетност за сите граѓани и невладини организации кои можат процесот да го следат електронски, но и да се вклучат во било кој дел од процесот – од иницијатива до реализација.
Грчев кажа дека за тоа не мора да се биде само сопственик на парцела, туку преку најавување на веб страна на едноставен начин во која било фаза, ќе може да се вклучи секој поединец и да го следи процесот.
„Новиот закон обезбедува подобрување на целата сфера на развој, планирање, контрола следење, увид, отчетност, заштита на фундаменталните права на граѓаните, заштита на животната средина, на живеење и за прв пат се вградени обврски за мерки за справување со климатските промени“, кажа Грчев.
Жаклина Ангеловска од комората на овластени инжинери и архитекти, кажа дека за прв пат дописите, дебатите од работилниците, идеите на луѓето од фелата, стигнале и биле прифатени до министерството и другите надлежни институции.
Ангеловска рече дека претходно кога се граделе големи објекти не се размислувало многу неселбата и луѓето коишто живеат во неа.
„Кога се гради во урбана зона дали се размислуваше што ќе се случи со самата населба и околината. Токму од вакви урбанистички плански решенија, капацитетот на отпад е зголемен, сите системи градски се оптеретени и ние треба да се прашуваме од каде е загадувањето на воздухот“, рече Ангеловска.
Ангеловска кажа дека јавниот интерес е вратен на повисоко ниво на оваа тема и дека сега се наоѓаме во пресвртница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници: „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита“
Оваа година, сексуалните работници здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот спроведуваат симболична онлајн кампања по повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
„Овогодинешната онлајн кампања ‘Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита’ ја посветуваме на симболот што веќе 18 години нè обединува и заштитува – црвениот чадор. Преку него ја раскажуваме нашата приказна, го покажуваме нашето присуство и ја истакнуваме нашата борба за почитување на основните човекови права.
Во фокусот на кампањата е моќно видео во кое три сексуални работнички ги споделуваат своите лични приказни, за стравовите што ги носат, за насилството со кое се соочуваат, и за потребите што ги имаат“, велат од Здружението.
„Сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се мета на различни форми на родово базирано насилство во јавен, приватен простор и/или онлајн. Насилството врз нас е често неказнето, невидливо и институционално игнорирано. Присутно е од страна на клиенти, партнери, полицијата, па дури и во здравствените и социјалните служби“, се додава во соопштението.
Македонија
Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
105 години Филозофски факултет значат повеќе од еден век умствен и духовен раст, традиција, научна извонредност и општествено созревање. Тоа е наследство што мора да го чуваме и да го негуваме. Верувам дека оваа институција и понатаму ќе биде водилка на општествената и на хуманистичката мисла, бранител на критичноста и чувар на академската слобода, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на свечената академија со која високообразовната установа го одбележа големиот јубилеј.
„Факултетот не придонесува во развојот на државата само преку образованието и науката, туку и преку својата силна стратешка улога во креирањето на националните политики. Тука се раѓале концепти и научни согледувања што го обликувале образовниот систем, културните политики, социјалните институции и многу од современите професионални практики во државата. И во овој период, Филозофскиот факултет е активно вклучен во изработката на клучни национални стратегии“, рече Јаневска изразувајќи благодарност до сите поранешни и активни професори, истражувачи и вработени на факултетот за нивната посветеност, научен придонес и визија за општеството.

Министерката потенцираше дека иако по однос на неколку теми за време на нејзиниот мандат, ставовите на МОН и факултетот се разликувале, токму таквите јавни дискусии доведуваат до креирање на најдобрите решенија за обезбедување на поквалитетно национално образование. Очекува, како што рече, Филозофскиот факултет да остане меѓу најсилните партнери на државата кои отвораат пат кон нови образовни подвизи.
Јаневска изрази уверување дека буџетот за образование ќе продолжи да се зголемува, а со тоа ќе се зголемува и поддршката за развој на високото образование и науката.
„Држава која вложува во високото образование вложува во сопствената иднина – ја јакне својата конкурентност, го унапредува демократскиот капацитет и го поттикнува општествениот развој. Продолжуваме да креираме политики што обезбедуваат автономија, дигитализирани процеси, подобра научна инфраструктура и поддршка за младите истражувачи“, рече министерката.

Освен Јаневска, на свечената академија се обратија и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески кои се согласија дека академскиот простор мора да остане место каде знаењето се претвора во визија, а визијата во општествена вредност.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.

