Македонија
„Дадени се 2 000 евра за Шиптарите и Србите“, му вели Јанкулоска на соговорник во една од бомбите за „Титаник“
На 7 ноември во кривичниот суд ќе продолжи рочиштето за предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство, на кое ќе продолжи слушањето и на преостанатите бомби.
На претходните рочишта за „Титаник“ од телефонските разговори можеше да се слушне како поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со директорот на охридскиот аеродром разговара за евентуално спречување на албанските гласачи брзо да поминат низ терминалите за да не стигнат на гласање во Кичево и Гостивар.
Во бомбите се слушаше како Јанакиески договара авиони од Швајцарија и Италија за луѓе кои биле договорени да гласаат за нив на локалните избори во 2013 година. Во еден од разговорите се слушa и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која се консултира со некое лице и му кажува дека се дадени 2 000 евра на некој со прекар „снајпер“, а дадените пари, според Јанкуловска, требало да бидат дадени кај, како што рече ексминистерката за внатрешни работи, Шиптарите и кај Србите.
Во предметот на СЈО „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

