Македонија
Да се отстранат дивите таксисти и да контролираат инспектори – скопските такси-превозници испратија барања до Арсовска
Групацијата на скопските такси-превозници соопшти дека денеска упатиле барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси-превозот.
Тие бараат отстранување на 1.500 диви такси-возила, како и инспекциска контрола за пријавени такси-возачи.
Kако дел од нивните барања ги наведуваат проблемите со жолтите таблички поради што не може таксистите да ги обноват возилата, такси-возилата без лиценца, лиценцираните такси-возила без фискални таксиметри, лиценцираните такси-возила со диво наштелувани фискални таксиметри, лиценцираните такси-возила со непријавени такси-возачи, лиценцираните такси-возила без задолжително обележје, изводот од лиценцата не се совпаѓа со возилото.
Според Групацијата, со тоа граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања.
„Покрај средувањето на такси-хаосот, ќе има намалување и на сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето во град Скопје бидејќи најмалку 1.500 диви такси-возила ќе се отстранат, а тоа значи помалку издувни гасови од 24 тони гориво. Со инспекциска контрола за пријавени такси-возачи во Агенцијата за вработување ќе имаме нови брзи вработувања минимум од 1.200 до 1.500 такси-возачи бидејќи ќе ги нема пензионерите, непријавените возачи ќе мора да се пријават, а тоа е месечно по минимум 200 илјади евра повеќе во буџетот. За решение на овој проблем, потребни се 0 (нула) денари“, велат такси-превозниците.
Решението, како што се наведува, некогаш не бара финансиски средства само треба да се сака да се реши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

