Македонија
Два милиона евра за планот за чист воздух
Владата на редовната 116. седница ја усвои предлог-програмата за реализирање на планот за чист воздух за 2019 година. Имајќи предвид дека борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата, програмата се заснова на 4 компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализацијата на програмата.
Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од 2 милиона евра. Парите ќе се наменат за финансирање замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на прочистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти. Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019 година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации што се однесуваат на изработка на посебна веб-страница, каде што на едноставен начин ќе бидат наброени сите мерки што треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање филтри во малите и средните претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР.
Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, објави Кривичниот суд Скопје .
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟥𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, соопшти ПОЦ.
Македонија
Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ.
„Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.
Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.
Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.
Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост“, се наведува во соопштението на СДСМ.