Македонија
Две години од смртносните поплави во Скопско
Поминаа две години од невремето што предизвика поплави во Скопско, при што животот го загубија 22 лица.
Невремето што се случи попладнето на 6 август во 2016 година донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.
Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.
Граѓаните заедно со институциите координирани од Црвениот крст се соолидализираа за испорачување на неопходната помош, а помош во форма на пумпи и намирници пристигна и надвор од границите.
Под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за сите учесници кои придонеле на каков било начин во справувањето со поплавата, на симболичен начин попладнево ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

