Македонија
Две деца примија „трикафта“, белодробната функција им е подобрена
Две малолетни пациентки со цистична фиброза, Стефанија (13) и Хатиџе (15), во четвртокот го примија лекот „трикафта“ на Клиниката за детски болести.
Министерот за здравство, Илир Демири, кој денес ги посети, рече дека пет дена по примањето на лекот, белодробната функција им е подобрена, а модуларната терапија дава брз ефект.
„Ме информираа дека сега животот им е поубав. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот што живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза“, вели Демири.
Досега 32 пациенти имаат примено „трикафта“, а кои етапно се вклучуваат на терапија.
Лекот е безбеден, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски патува на инаугурацијата на Трамп, Владата објави кој ќе го придружува
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД.
Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Меѓудругото, како што информираа од владината прес-служба, делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.
Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.
Исто така Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции.
Македонија
ДУИ: Повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години
Здравството е основа на секое праведно и напредно општество. Кога децата, најранливиот и највреден дел од нашето општество, се во ризик, мора да застанеме и да размислиме. Фактот дека повеќе деца ги загубиле своите животи во последните шест месеци отколку во изминатите години треба да биде аларм за сите нас, велат од ДУИ.
„Секој од тие изгубени животи претставува предвремено прекината судбина и неизмерна болка за семејствата кои ги изгубиле своите најмили. Јасно ни е дека постојат предизвици, но никој не може да прифати здравството да се деградира до таа мера што родителите влегуваат во болници со надеж, а излегуваат со скршени срца. Ова не е прашање на партии или политика. Ова е човечки повик. Нашите деца заслужуваат најдобра грижа. Семејствата заслужуваат сигурност и достоинство кога бараат медицинска помош“, се додава во соопштението на ДУИ.
Оттука апелираат до Министерството за здравство и сите засегнати институции да преземат итни чекори.
„Секој ресурс мора да се насочи таму каде што е најпотребен – во спасување животи и подобрување на условите за нашите најмлади пациенти.Зашто ниту еден родител не треба да ја доживее болката од загубата на своето дете, и ниту едно дете не треба да ја изгуби својата шанса за живот. Ова е момент кој бара размислување и акција“, се додава.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби
Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
„Филипче и СДС се заложници на Груби и не смеат да и се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби.
Филипче и СДС знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари.
Филипче и СДС се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот.
Филипче и СДС не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ.
Филипче и СДС месец дена го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад.
Филипче и СДС дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт.
За СДС и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДС е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.