Македонија
Две дози вакцина во Македонија примиле над 280.000 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а две дози примиле 284.680 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, 60 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 57 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите во државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Интернет-страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали во градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и во Прилеп и во „А1 – СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

