Македонија
Две коњаници со партиски функционери одат накај Крушево; Апасиев: Елитата на коњ, народот на магаре
Македонија го слави Илинден, а кон Крушево тргнаа две коњаници. Со традиционалната „Илинденски коњички марш 1978“ пристигнуваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Втората, пак, е со поддржувачи на СДСМ и ја предводи генералниот секретар Миле Зечевиќ. Еден од најголемите македонски празници, ќе се одбележи со политичка и општествена поделеност, особено по прашањето за уставните измени. Заедно со традиционалната коњаница се и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, како и претседателот на патриотскиот институт на партијата, Александар Пандов.
„Како се вика кога СДСМ ќе се качат на коњи за Илинден? Се вика: Готово е, ситно бројат! Откога разнебитија се, ќе продавале демагогија. Памети народот кога возевте точаци до Мечкин Камен и ги остававте коњаниците цел саат на сонце да чекаат во прашини и песоци со полициски коридор како спремни за Голи Оток. Памети народот кога чудни ‘новинари’ блуеја најниски гадости за тоа кој кого јавал. Ја памети добро народот реченицата:‘Чуму идентитетот кога немате пари!’ Се памети народот…Касно е СДСМ, готово е“, напиша Мизрахи за славењето на Илинден на Мечкин Камен од страна на функционерите на СДСМ.
Од СДСМ не вратија. Тие само објавија фотографии со информација: „Коњички марш на младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. Слава им! За многу години Илинден!“.
Свој коментар даде и лидерот и пратеник од Левица, Димитар Апасиев објавувајќи фотографија со магаре.
„Елитата на коњ, народот на магаре“, напиша тој.
Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе биде на скопското Кале. Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе го одбележи во Пелинце со српска делегација предводена од тамошниот претседател, Александар Вукиќ. Собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде на Мечкин Камен. Претседателот на ВМРО-ДПННЕ, Христијан Мицкоски, ќе го одбележи денот во Ташмаруништа каде иде традиционално, но и на Мечкин Камен каде најавил присуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

