Македонија
Движењето „Мајка и Дете“ најостро ги осудува обидите за повторно отвoрање на „Југохром“
Од движењето „Мајка и дете“ се противат на тенденциите за повторно отворање на „Југохром“ и тоа, како што велат, пред да заврши инсталацијата на еколошките филтри и забраната на штетни гасови.
„Истовремено изненадени сме од фактот што оваа Влада се уште продолжува со двојни стандарди за Тетово и Битола. За загадувањето на Битола, Министертсвото за внатрешни работи има покренато кривична постапка против одговорните лица на РЕК Битола, додека во Тетово, иако беше рангиран како најзагаден град во Европа, за истото кривично дело, нема покренато никаква постапка ниту има побарано одговорност од сопствениците и раководителите на Југохром, за предизвиканите болести и смртните случаи, туку напротив тие се субвенционираат од страна на Владата со наши пари“ велат од движењето.
Според нив, раководството на „Југохром“ во изминатите 5 години нема исполнето ниеден од потребните услови.
„Ние 5 години протестираме, а тие 5 години ветуваат. Тие само си купија повеќе време, без исполнување на ниеден издаден рок и така се извлекоа 4 години по ред. Претходната Влада откако истече рокот, даде дополниотелно време за две години, сепак ништо не беше направено дури и после затворањето повторно ништо, додека заменик премиерот Анѓушев, од говорницата на Парламентот на Република Македонија, не информираше дека „Југохром“ нема доволно средства за филтри. Замислете не нас, во овој момент, како можеме се уште да веруваме во било што, по оваа четиригодишна измама“ се наведува во соопштението.
Од таму велат дека „Југохром“ треба скапо да плати за загадувањето на Тетово, обвинувајќи дека бројот на заболени деца бил двојно поголем додека „Југохром“ работел. Во 2015 година, како што велат, оваа бројка била 31,446 случаеви, додека во 2017 кога „Југохром“ беше затворен, бројот на заболени деца се намали на 18,578 случаеви.
Ниедна закана не може да не спречи да се бориме за здрава животна средина за нашите деца. Ние мајките ќе бидеме жив штит против секој притисок, од кого и да е.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

