Македонија
Дебата за семејно насилство во Ѓорче Петров

Во соработка со Националниот совет за родова рамноправност во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржа работен состанок за семејно насилство. Присутни беа членови на администрацијата на локалната самоуправа, Советот, членови на Комисија за труд и социјална политика на Општината, директори на училишта, претставници на невладини организации, како и надворешни соработници кои дејствуваат во оваа сфера.
Дебатата е по повод 16 дена активизам против семејното насилство, а како продолжение на претходна соработка потпишана со меморандум меѓу Националниот совет и Ѓорче Петров. Во полето на родова еднаквост во Општината се работи со години.
Савка Тодоровска од Националниот совет истакна дека треба да се отворат координативни тела и ингеренциите да се симнат на општинско ниво. Потребна е и СОС-линија на ниво на Општината за која надлежните од Ѓорче Петров размислуваат да ја воведат во иднина.
Овие активности се преземаат врз основа на истанбулската конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство, која беше усвоена и на седница на Влада на РМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, соопштија од Општина Центар.
Дератизацијата, како што е наведено во соопштението, се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.
„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.
Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.
Македонија
Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.
На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.
На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.
Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.
Притоа Николоски ја истакна, како што рече. посветеноста на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.
На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.
Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.