Македонија
Делегација на АРМ во неколкудневна посета на националната гарда на Вермонт
Делегацијата на АРМ, предводена од началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во рамките на неколкудневната посета на националната гарда (НГ) на Вермонт, покрај остварената средба со својот домаќин, командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, реализира посети и средби со командантите на команди и единици од составот на нацоналната гарда.
За време на официјалната средба помеѓу НГШ на АРМ и генералот Креј беа разгледани придобивките од досегашната воена соработка која полека навлегува во 25. година, особено во делот на обуката, реализираните вежби и заедничкиот настап во мировните операции. Притоа е повторена определбата за идните заеднички настапи во мировни мисии и меѓународни вежби за што на припадниците на Армијата на Република Македонија им се ставени на располагање капацитетите за обука и едукација на НГ на Вермонт.
Делегацијата при посетата на базата Форт Друм, во сојузната држава Њујорк, ги обиколи припадниците на АРМ кои во моментот изведуваат предупатна обука за мировни мисии, заедно со своите колеги од инженерискиот полк од 86. пешадиска бригада (бригада на НГ на Вермонт). Со единици на оваа бригада досега се реализирани повеќе вежбовни активности, како и заедничкиот настап во мисијата ИСАФ во 2010 година, а во понатамошниот период предвидено е повторно заедничко учество во мировната мисија „Одлучна поддршка во Авганистан“.
Во текот на вчерашниот ден делегацијата ја посети воздухопловната национална гарда на Вермонт, каде што, покрај запознавањето со капацитите и активностите на командата, генералот Величковски остварил средба со командантот генерал Крег Кемпбел, на која исто така се разговарало за планираните активности на соработка.
До крајот на посетата делегацијата ќе присусвува на церемонија на испраќање на воздухопловна единица во мисија, а ќе има средби и координации за планраните понатамошни активности со воените авторитети од НГ на Вермонт.
Во досегашните заеднички активности со НГ на Вермонт се реализирани речиси 1.000 активности во полето на обуката, на кои над 6.000 припадници на АРМ ги совладале стандардите на вооружените сили на САД, кои се имплементирани во единиците на АРМ. Со организацијата и реализирањето на овие вежби, декларираните единици на АРМ, во голема мера ги подигнаа, но и ги потврдија тактичките процедури и техники на НАТО, што придонесе за успешно спроведување на досегашните процеси на оценување во согласност со концептот на НАТО, како и за добиените признанија за беспрекорно извршување на задачите во мировните мисии.
Преку редовните возвратни посети на највисоко воено ниво и интензивната реализација на споменатите активности соработката меѓу НГ на Вермонт и АРМ, како и помеѓу сојузната држава Вермонт и Република Македонија, се издвојува во самиот врв на програмите на партнерски сојузни држави при Бирото на НГ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

