Македонија
Делегација на ГДУ во Брисел на дебата за реформите во албанскиот правосуден систем
Делегацијата на новоформираната партија ГДУ (Граѓанско демократска унија), во состав Ѓорѓи Трендафилов, Енсер Јусуфовски и Димо Петкоски, во вториот работен ден во рамките на панелот посветен на Земјите од Западен Балкан во Брисел учествуваше во дебата посветена на реформите во правосудниот систем на Република Албанија.
Позицијата на Владата на Република Албанија ја претставиле Теута Водо, заменик-министер за правда, и Елиса Спиропали од Комисијата за соработка со ЕУ на албанскиот Парламент.
„Повеќе од очигледно е дека и соседите на Македонија кои не се дел од ЕУ ги имааат повеќе или помалку истите проблеми во многу сфери од секојдневното живеење. Денешниот настан послужи како можност да се утврди дека според таквите прашања несомнено владеењето на правото е на приоритетната листа“, се наведува во партиското соопштение.
Како што истакнуваат од ГДУ, учесниците во дебатата, членови на ЕУ парламентот, јасно ја покажале својата подготвеност да се поддржат земјите аспиранти, истовремено владите на тие земји да манифестираат прогрес во реформите, особено во делот на овие чувствителни прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

