Македонија
(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието на РМ, стигнаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Таму насобраните граѓани ќе побараат нивна делегација да се сретне со претседателот на опозициската паратија, Христијан Мицкоски.
На пат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ демонстрантите застанаа пред претседателската канцеларија на Рекорд, каде што извикуваа „Иванов“ и „Македонија“ во знак на поддршка кон македонскиот претседател и неговата најавена одлука да не го потпишува указот за одлуката за името. Претходно, пред Собранието демонстрантите го повикаа Мицкоски заедно со пратениците да ги напушти собраниските клупи и да се придружи кон протестот.

Во рамките на расправата во парламентот, која се одвива паралелно со протестот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, истакна дека договорот е противуставен и прави непоправлива штета.
„Ова е капитулација, договорот е современ геноцид на нашето постоење. Тој е едностран, Македонија прифаќа ултиматум. Со спогодбата се наметнува ново име на државата под уцена“, рече Данев.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

