Македонија
Делови од Скопје без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе општини во Скопје.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од дел од село Мирковци во општина Чучер – Сандево.
Понатаму струја ќе нема ниту во општина Чаир, односно во периодот од 12:00 до 14:00 часот корисниците од пазарот во Чаир, спроти стадионот, а во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од делови од улиците Дрварска и Атанас Бабата, Музејот на Македонија, Покриена чаршија, Куршумли ан и улица Самарџиска.
Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од дел од улицата Будимпештанска околу број 20, во општина Карпош.
Понатаму како што соопштија од ЕВН, во периодот од 11:00 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Горно Соње во општина Сопиште.
Во периодот од 09:45 до 14:30 часот корисниците од селата Рашче, Бојане, Копаница и каптажата Рашче, во општина Сарај, како и корисниците од улиците со број 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани ќе останат без електрична енергија. Во село Батинци струја ќе нема од 09:00 до 15:00 часот.
Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, како што стои во соопштението на ЕВН струја ќе немаат корисниците од дел од улица Димитар Пандилов т.е. парните броеви од број 6 до број 20 и непарните броеви од број 3 до број 19 и корисниците од улицата Питу Гули т.е. непарните броеви од број 49 до број 55 во општина Центар.
Од ЕВН додаваат дека во периодот од 09:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Депа Кајова, Браќа Чакрови, улица Ѓорче Петров и улица Никола Пускаров во општина Ѓорче Петро.
Во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата Киро Фетак во населба Драчево, општина Кисела Вода ќе бидат без струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

