Контакт

Македонија

Дел од општина Илинден денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.500,од број 24 до 45 во село Марино во општина Илинден.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски е озборувач кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски кој воедно е и поранешен претседател на државата предложен од таа партија, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека е против стратешкиот партнер на Македонија, САД, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратешки партнер или дека сега целосно забегале. Стево Пендаровски уште еднаш и покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и оговарач“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека не само тоа, туку експретседателот влегол и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика.

„Па така, Пендаровски од СДС говореше како разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници нешто што е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДС влезе и во сферата на откривање на државни позиции“, се додава во партиското соопштение.

До Пендаровски порачаа дека треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност која анализира и оговара.

Поранешниот претседател викендов изрази загриженост затоа што македонската влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски се позиционирала близу новата администрација на Доналд Трамп. Пендаровски верува дека Македонија како мала држава, се поставува наспроти глобалните промени и треба двапати да размисли пред да застане прва до Трамп.

Пендаровски рече дека Трамп ја пореметил глобалната рамнотежа, ја пореметил внатрешно трансатлантската заедница, затоа што вовел царини и започнал со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи. Во врска со коспонзорството на Македонија на американската резолуција во ООН, дополни дека не може држава со 1,8 милиони луѓе да биде коспонзор на Резолуцијата во ООН рамо до рамо со Америка.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн“, прашува СДСМ

Објавено пред

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот центар. Изјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1% ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека зад оваа зделка се крие сомнителен договор“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради? Тоа значи дека Клиничкиот центар ќе остане на истата локација. Зошто Таравари ја лаже јавноста и се обидува да ги ублажи критиките со вакви изјави? Ова јасно покажува дека тој добро знае дека договорот е штетен, но сака да помине што полесно во јавноста.

Понатаму, дали Мицкоски намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели: „предвид ја земаме тендерската спецификација и, се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува“? Дали тоа значи дека, ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски не го отфрли веднаш, туку се двоуми? Дали и тој е дел од целата оваа зделка?

Дополнително, како е можно тендерската процедура да е завршена, а сè уште да не се знае дали фирмата ги исполнува критериумите за бонитет, кредибилитет и реноме? Што правеле во Министерството за здравство за време на тендерската постапка? Зошто Владата не ја објави физибилити студијата? Што крие? Владата мора да го објави и официјалниот повик за тендерот – ако договорот сè уште не е потпишан, јавноста треба да види како точно било формулирано барањето од Министерството за здравство и дали веќе во оваа фаза се подготвувал овој штетен договор“, соопштуваат од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз бара „итно објавување на повикот од страна на Министерството за здравство, итно објавување на физибилити студијата според која е распишан тендерот, целосна транспарентност за тоа дали штетниот договор со „Ѓока Констракшн“ бил однапред подготвуван“.

„Ова не смее да биде забошотено!“, додаваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Странска приватна компанија ќе профитира од лекувањето на македонски граѓани во македонски државни клиники“, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија. Според оваа срамна и скандалозна одлука, македонските граѓани се принудени на странско приватно лице да му плаќаат пристап до македонски државен здравствен клинички центар. Накратко, албанска приватна фирма со коруптивни скандали, ќе изнајмува македонски простор во македонски клинички центар на македонски граѓани – за личен профит. И тоа им е овозможено од македонската Влада“, соопшти партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е само прашање на паркинг простор; ова е прашање на суверенитет и способноста на државата да управува со сопствените ресурси. Овој паркинг не е обичен комерцијален простор – тој е од клучно значење за пациентите, нивните семејства и медицинскиот персонал. Наместо да се најде одржливо, системско решение кое ќе биде во корист на граѓаните, се оди кон долгорочна концесија што може да ја доведе во прашање пристапноста и ценовната политика на овој простор.

Јасно е дека оваа одлука не е во интерес на граѓаните, туку во интерес на бизнис-елитите кои повторно гледаат можност за профит на грбот на оние граѓани на кои им е потребна медицинска помош. Загрижувачки е што вакви стратешки јавни услуги сè почесто завршуваат во рацете на приватни компании, и тоа странски, што создава ризик од потенцијална финансиска оптовареност за граѓаните. Ваквите одлуки мора да се преиспитаат бидејќи Клиничкиот центар треба да остане простор каде приоритет се здравствените услуги, а не профитните интереси.

Левица ги нуди следните предлог-решенија:

• Враќање на паркингот под државна контрола – Паркингот треба да го стопанисува јавно претпријатие, кое ќе обезбеди фер и транспарентна употреба на паркинг-просторот,
• Контрола на паркингот за да се спречи злоупотреба – Да се воведе електронска регистрација за пациенти и здравствени работници, со што ќе се спречи користење на паркингот за лични потреби од луѓе кои не се посетители на Клиничкиот центар,
• Разумни цени – Наместо да им се дозволи на приватните компании да воведуваат астрономски цени, паркингот треба да биде достапен и пристапен за сите пациенти, а приходите да се реинвестираат во здравствениот сектор.

Клиничкиот центар е место каде здравјето е приоритет, и затоа е неопходно да се осигура дека сите граѓани имаат еднаков и фер пристап до потребните услуги, без дополнителен финансиски товар во корист на приватни лица со желба и амбиција за лесен профит“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Пендаровски е озборувач кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија40 минути

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет1 час

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа3 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет3 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет3 часа

Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија13 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ14 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ17 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија19 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија20 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ22 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион23 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет24 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија1 ден

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија1 ден

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет2 дена

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје2 дена

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет2 дена

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...