Македонија
Демир Далип: Јас сум легитимен претставник на мнозинството Египќани
Демир Далип, претставник на Египќаните, реагира на тврдењата на претседателите на шесте здруженија на Египќаните од Охрид, Струга, Кичево, Ресен и Битола дека Демир Далип во медиумите лажно се претставува како нивен претставник, а никој не го овластил да зборува во нивно име.
Реакцијата ја пренесуваме интегрално:
,,Во целост ги отфрлам обвиненијата што доаѓаат од одредени здруженија на Египќани кои имаат за цел да ме дефокусираат од легитимната борба за влез на Египќаните во Преамбулата на Уставот, и притоа не бирајќи средства да ги повредат моите чест, углед и достоинство. Имено, се работи за конструирано соопштение, а за тоа говори и фактот што Општинското здружение на Египќани – Кичево јавно се огради, бидејќи било доведен во заблуда и манипулиран нивниот претседател, Рушан Бајрамоски.Исто така, Нијази Тајип е претседател на огранокот на ПЦЕР-Охрид, а истовремено е потписник и со зло(употреба) на печати на две здруженија, од кои едното е регистрирано во Австралија, и истото не е поддржано од мнозинството Египќани во Австралија, а плус тоа, законски е недозволиво истовремено да си претседател на огранок на партија партиципиент во Власта и да бидеш претседател на две здруженија.
Едноставно, јасно е која е целта, да се елиминира Демир Далип како човек кој во континуитет 20 години се залага за правата на Египќаните и кој во последните 6 месеци имаше средби со највлијателните амбасадори, Самоел Жбогар, со високи претставници на Мисијата на ОБСЕ, со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, со заменик-амбасадорот на Германија, други меѓународни организации и тврдам, под секаков вид одговорност, дека не сум остварил никаков личен интерес, туку целта била, е и ќе биде да се прикаже фактичката состојба на Египќаните и мојата одлучност да бидат спомнати во Преамбулата на Уставот.
Јас сум легитимен претставник на мнозинството Египќани, во период од 2008-2017 како национален координатор на НВО ‘Светла иднина 2009’- Охрид, НВО ‘Подобар живот’, неформалната граѓанска иницијатива ОПЕМ, кои настапуваа под заеднички наслов НВО ‘Коалиција на Египќани’, а од страна на истите бев назначен за нивни претставник во 2013-2014, координатор за надворешна соработка на НВО ‘Форца Египќани’.
Во период 2017-2018 фунционира неформалната граѓанска иницијатива НГИ ‘Коалиција на Египќани’ зад која стојат потписи на 200 граѓани.
Должен сум да ѝ служам на етничката заедница на Египќаните, а за ваквите конструирани соопштенија и закани кои доаѓаат од одредени центри на моќ ќе бидат известени сите амбасади и ОБСЕ во Република Македонија”, се вели во дописот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

