Македонија
Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ повикува на внатрепартиско обединување
Поради политичките ставови на дневна основа и поради немање единствен став по однос на одржаниот референдиум сегашното раководство на ДПМНЕ го доподели членството. Со својот глас на референдумот граѓаните, членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ги освестија лабилните и неконзистентни партиски раководни кадри. Без разлика на нашите досегашни ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината на државата сметаме дека е дојдено време да си подадеме рака. Сега е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна агонија и разнебитување на партијата, се вели во сооопштението на ВМРО ДПМНЕ – демократска фракција.
Според партијата, во пресрет на сè поизвесните избори следи период на конкретизирање на одговорноста во ВМРО-ДПМНЕ, период на брза кадровска промена и демократска трансформација. Во оваа насока, Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите демократски внатрепартиски сили на обединување на принципиелна основа со цел заеднички и сплотени да ја одредиме иднината на државата.
,,Демократската фракција го повикува на отворен разговор партиското раководство за новите стратешки, програмски и кадровски постулати кои ќе го возобноват компромитираното и руинирано партиско ткиво. Лажни промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа на изборите. Потпирање на политичарите кои имаат ‘сопствен став на дневна основа’ поттикнат од надворешни фактори не можат да донесат промени, нова визија и спас на државата, туку само ново залажување и порази. Партијата не може да се рециклира преку стариот поданички материјал и преку неконзистентните и набрзина донесени ставови. Потребна е реална и коренита промена! Нов тимски приод на работа и раководење. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина. Секој обид за игнорирање на овие начелни ставови, како и обид за заштита на криминалците во нашите редови ќе биде повторно влегување во ‘чизмите’ на поранешниот претседател на партијата.
Исто така, ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на уцени, закани и обиди за подмитување. Тие немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување. Спорот за името и иднината на државата не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на целиот македонскиот народ кој јасно го кажа својот став на одржаниот референдум”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

