Македонија
Демократскиот сојуз бара да се укине полицискиот час
Демократскиот сојуз во врска со актуелните состојби предизвикани од пандемијата предлага укинување на полицискиот час, со што ќе им се овозможи на граѓаните да си го нормализираат животот, пред сè, поврзан со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски.
„Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, особено од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита. Трето, да се нормализираат спортските и културите активности во согласност со протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки. Долготрајните рестриктивни мерки со кои се ограничува движењето го нарушуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните и го намалуваат имунитетот“, соопшти партијата.
ДС бара да се нормализира работата на хотелите, рестораните, кафетериите и другите угостителски објекти во согласност со препораките на здравствените власти.
Демократскиот сојуз и натаму ги повикува граѓаните за целосно почитување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот, но апелира до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растоварени од какво било политичко влијание, да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и процени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ во официјална посета на Србија
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во своето обраќање на конференцијата министерот Стоилковиќ ќе истакне дека е чест и задоволство да се обрати на настан посветен на клучни теми кои ја отсликуваат реалноста и ја обликуваат иднината на регионот – регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување.
Во рамки на престојот во Белград, потпретседателот и министер Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
„Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
По завршувањето на средбата предвидени се изјави за медиуми“, соопштија од кабинетот на Стоилковиќ
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.

